а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

грми

грмат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Создава силен звук при светнување на молња.
Англиски: thunder Албански: bubullimë
Употреба: Безлично
Примери:
Ноќеска грмеше ама не заврна.
2. Создава силен звук на топови и друго оружје.
Англиски: thunder Албански: gjëmon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Грмеа пушки и топови.
3. Создава силен звук, глас и сл.
Англиски: thunder Албански: gjëmon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Салата грмеше од бурниот аплауз.
Од куќата грмеше гласна музика.
Со својот силен глас попот грмеше.
Изведенки
грмење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи