а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

греда

мн. греди
Вид збор: Именка, женски род
1. Долго, дебело и право дрво што се користи за градба.
Англиски: beam Албански: tra, direk
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Вертикалните рамки на отворот од вратата биле составени од ќошиња до кои се допирале дабови греди.
2. Спортска направа за вежбање гимнастика, направена од долго, дебело и право дрво со ногалки.
Англиски: balance beam Албански: vegël, gjimnastikore, tra
Употреба: Спорт
Примери:
Учениците кога скокаат од гредата, треба да скокаат лесно, напрсти.
Изрази
Кожата на греди - нема спас од некоја тешка ситуација.
Греда во окото (очите) (на некого) - преувеличување на нечии негативни особини, постапки.
Греда во окото (очите) (на некого) - голема пречка.
Не ја гледа гредата, ја гледа иглата - ги гледа ситните недостатоци, а не крупните.
Изведенки
гредичка ж.
мн. гредички
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи