а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

граница

мн. граници
Вид збор: Именка, женски род
1. Линија што разделува држави, области и сл.
Англиски: border Албански: kufi
Употреба: Административен термин
Примери:
државна граница
општинска граница
граница меѓу две села
граница меѓу поседи
2. Замислена линија што разделува појави, поими и сл.
Англиски: border Албански: kufi
Употреба: Преносно значење
Примери:
на граница на реалното
граница меѓу сонот и јавето
3. Крајна точка до која може, смее да се стигне, да се дозволи нешто.
Англиски: limit Албански: kufi
Употреба: Преносно значење
Примери:
на граница на издржливоста
до крајна граница
4. Вид даб со глуждовито стебло и со желади што висат на долги дршки на гранките.
Латински: Quercus pedunculata Англиски: oak Албански: dushk
Употреба: Ботаника
FlexiMac
 менување на македонски глаголи