а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

граба

грабаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Зема нешто насилно, брзо.
Англиски: grab Албански: grabit, rrëmbej
Примери:
Го граба ножот од појас и се убива.
2. Присвојува нешто што е туѓо; пљачка, краде, ограбува.
Англиски: rob Албански: grabit
Примери:
Ние не излеговме да колеме и да грабаме.
3. Брзо оди.
Англиски: haste Албански: nxiton
Примери:
Децата грабаа по патот.
4. (се граба) Се бори за нешто, сака да земе нешто насилно.
Англиски: grab Албански: grabit
Примери:
Како можело да се граба туѓо писмо и да се чита.
Јато орли се грабаа за некоја мрша.
Тој се грабаше за власт со сите средства.
Изведенки
грабање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи