а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

горд

гордиот
Вид збор: Придавка
1. Што има високо мислење за себе.
Англиски: proud Албански: krenar
Примери:
Та тие викаат по вас дека сте човек честољубив, горд.
2. Што е надмен, горделив.
Англиски: proud
Примери:
Напред врвеше домаќинката горда како гуска.
3. Што е задоволен од резултат на некоја работа или успех.
Англиски: proud
Примери:
Беше горд со успесите на своите деца.
Изведенки
гордо прил.
Пример: Гордо ја крена главата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи