а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гони

гонат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Брка некого, трча по некого со цел да го фати.
Англиски: chase Албански: ndjek
Примери:
А ти не мораш да возиш како некој да те гони.
2. Прогонува некоја мисла, чувство.
Албански: përndjek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Но, не може инаку, зашто го гони претставата дека коските ќе му скапат од лежење и седење.
3. тера
Англиски: urge Албански: çon, nxit
Примери:
Нешто го гонеше да му се јави пак.
4. (се гони) се бркаат
Англиски: chase Албански: ndiqet
Примери:
Гладни волци се гонат.
Четири гулаби в слободна игра се гонат.
Изведенки
гонење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи