а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гол

голи
Вид збор: Придавка
1. Што е без облека.
Англиски: naked Албански: lakuriq
Примери:
Се капеа голи во морето.
2. Што е слабо, лесно облечен.
Англиски: naked Албански: i zhveshur
Примери:
Не оди гола надвор, ќе настинеш!
3. Што не е покриен со коса, влакна, пердуви, крзно, капа и сл.
Англиски: bold Албански: tullac
Примери:
голо теме, гола глава
гола кокошка, гола опашка
4. За предмет - што е непокриен, ненаместен.
Англиски: bare Албански: i hapur
Примери:
голи ѕидови
гол под
5. Што е без трева, лисја, дрвја и сл.
Англиски: bare Албански: bosh
Примери:
голо место, голо дрво
гола ливада, гола планина
6. Што е недополнет, чист, без примеси.
Англиски: bare Албански: bosh
Употреба: Преносно значење
Примери:
гола вистина, голи факти
7. Што е многу сиромашен.
Англиски: poor Албански: i varfër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите од таа фамилија се голи, ништо немаат.
Изрази
Ем гол ем зол - кога некој е сиромашен или нема познавање за некоја работа, а покажува лошотија, злоба.
Се гледа со голо око - оддалеку се гледа нешто.
Со голи раце - направи нешто сам, без ничија помош и без алат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи