а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

голиштарец

мн. голиштарци
Вид збор: Именка, машки род
1. Пиле без пердуви.
Албански: zog pa tufa
Употреба: Зоологија
Примери:
Седелото беше полно со пилиња голиштарци.
2. голо дете
Англиски: naked child Албански: lakuriq
Примери:
Повеќе се боси и слабо облечени, слабикави голиштарци обгорени и нечисти од овошјето.
3. Тој што е млад, неискусен, незрел.
Англиски: immature person Албански: i njomë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Голиштарци едни, вие ќе ми кажувате!
Изведенки
голиштарче ср.
мн. голиштарчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи