а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

голем

големи
Вид збор: Придавка
1. Што е значителен по размер, по големина, по сила, по степен, по количество.
Англиски: large Албански: i madh
Примери:
Голем град.
Голема буква.
Голема среќа.
2. Што е значаен, познат.
Англиски: famous Албански: i famshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Голем научник.
Голем уметник.
3. Што е важен, значаен, историски.
Англиски: important Албански: i rëndësishëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Голем празник.
Голем настан.
4. За човек - што е зрел.
Англиски: mature Албански: i pjekur
Примери:
Треба да разбереш, веќе си голем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи