а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

година

мн. години
Вид збор: Именка, женски род
1. Време во кое Земјата свртува цел круг околу Сонцето, од 1 јануари до 31 декември.
Англиски: year Српски: година Албански: vit Бугарски: година Грчки: χρόνος
2. Временски период во кој завршува некој циклус.
Англиски: cycle Албански: cikël
Примери:
учебна година
буџетска година
3. (само во мн.) деценија
Англиски: decade Албански: dekadë
Примери:
осумдесеттите години
4. период од животот
Англиски: period Албански: periudhë
Примери:
години на детството
ученички години
5. возраст
Англиски: age Албански: moshë
Примери:
На тие години човек многу не размислува.
6. Годиште (на списание, весник и сл.)
Англиски: year Албански: vit
Примери:
Весникот излегува веќе трета година.
7. помен, парастос
Англиски: remembrance Албански: përvjetor
Примери:
Вчера му правеа година.
Изрази
За многу години! - честитка, желба за долг живот.
Влегол во години - остарел.
Од година на година - ретко.
Од година на година - со текот на времето.
Од година на година - секоја година.
Гладна година - неродна година.
Среќна Нова (2014) година! - новогодишна честитка.
Изведенки
1. годинка ж.
мн. годинки
дем.
2. год скр.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи