а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гнете

гнетат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Става, полни нешто некаде со притискање, со гмечење.
Англиски: stuff Албански: mbush, rras
Примери:
Торбата ја гнетеше со алишта.
2. Лакомо, ненаситно јаде, лапа.
Англиски: stuff Албански: rras
Употреба: Разговорно
Примери:
Залаците ги гнетеше едно по друго во устата.
3. Мачи, измачува, угнетува.
Англиски: suppress Албански: shtyp, ndrydh
Примери:
Го давиме, го гнетеме народот.
4. (се гнете) се натрупува, се турка, се пика
Англиски: jam Албански: futet, rraset
Примери:
Народот се гнетеше во скривницата.
Изведенки
гнетење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи