а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гламноса

гламносаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. изгори, поцрни
Англиски: burn, char Албански: digjet
Примери:
Гламносаа гредите во куќата.
2. Кај житните растенија - фати болест гламница.
Албански: sëmundje te bimët
Употреба: Ботаника
Примери:
Пченицата гламноса.
3. Потемне во лицето.
Англиски: darken Албански: errësoj fytyrën
Употреба: Преносно значење
Примери:
Жената гламноса во лицето кога ја чу страшната вест.
Изведенки
1. гламносува несв.
(се) гламносуваат
2. гламносување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи