а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

глава

мн. глави
Вид збор: Именка, женски род
1. Дел од телото на човек или на животно во кој се наоѓа мозокот.
Англиски: head Албански: krye
Употреба: Анатомија
Примери:
Ги наполни градите со воздух и ја нурна главата во водата.
2. ум, разум, мозок
Англиски: mind Албански: mendje
Примери:
Во главата му се мешаа разни мисли.
3. животот на човекот
Англиски: head Албански: jetë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гледај да не изгубиш глава!
4. поединец, лице
Англиски: person Албански: person
Примери:
Во таа борба паднаа најхрабрите глави.
5. животно
Англиски: livestock Албански: bagëti
Примери:
Имаше осумдесет глави овци.
6. раководител, водач
Англиски: leader Албански: udhëzues
Примери:
Ние бевме разбиена војска, а нејзе ѝ е допуштено да нема глава.
7. дел од книга, поглавје, партија, оддел
Англиски: chapter Албански: kapitull
Примери:
Романот содржи единаесет глави.
8. долен дел од растение
Англиски: bulb Албански: kokë
Употреба: Ботаника
Примери:
Кромидот беше со крупни глави.
9. горен, преден дел на предмет (клинец, шајка)
Англиски: head Албански: krye
Примери:
На гредите, главите од шајките 'рѓосале.
10. како мерка за висина
Англиски: head Албански: krye
Примери:
Тој беше за глава повисок од другите.
11. реверс на монета
Англиски: head Албански: kokë
Примери:
Со глава-писмо одлучуваа кој ќе биде прв.
Изрази
Мува без глава - без цел, без ред, хаотично.
Од глава до петици - целосно, сосема.
Покрив над глава - засолниште, сопствена куќа.
Да не те боли глава - без мака, лесно, без многу мислење.
Крши глава - заминува, прави што сака.
Бубачки во глава - има некоја манија.
Стои над (врз) глава - надгледува, контролира.
Чука глава од ѕид - мисли, очајува.
Ме (те, го...) удри нешто в глава - помисли нешто наеднаш.
Удрен в глава - (ирон.) душевно болен.
И на твоја глава (желба) - пожелување за мажење или за женење.
Помине нешто преку глава - минати настани, бурни доживувања, обично негативни.
Плати со глава - изгуби живот.
Рибата смрди од главата - слабостите потекнуваат од старешините.
Му ја полни главата - му наметнува некакво мислење, уверување.
Не играј си со главата - не го ризикувај животот.
Не знае кај му е главата - има многу работа, обврски.
Дојдено му е преку глава - не може повеќе да трпи.
Ја става главата в торба - го изложува животот на опасност.
Влакно да не му падне (фали) од главата - да не му се случи ништо лошо.
Човек на своја глава - своеглав човек.
(Бери) Ум в глава - внимавај што правиш.
Со крената (дигната) глава - достоинствено, гордо.
Со наведната глава - посрамено, понижено.
Си зема беља на глава - си го усложнува животот.
Трие сол на (врз) глава - претерано советува, додева со нешто.
Кој нема во главата, има во нозете - кој не мисли навремено подоцна ќе треба да оди повеќе за да ја заврши работата.
Не може да се фати ни за глава ни за опаш - не може со некого да се најде разбирање.
(Не) Му сече умот во главата - бистар (не) е.
Му се крена косата на главата - непријатно се изненади.
Учи, учи, глава бучи - многу учи, а пак не научува.
Му се качи на глава - му здодеа.
Изведенки
1. главче ср.
мн. главчиња
дем.
2. главиште ср.
мн. главишта
аугм.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи