а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гајтан

мн. гајтани
Вид збор: Именка, машки род
1. Сплетена врвка што се шие како украс по рабовите на облеката.
Англиски: cord Турски: gaytan Албански: gajtan
Примери:
Жената носеше шајачен елек чии рабови беа опшиени со црвен гајтан.
2. Жица за приклучување на електричен апарат.
Англиски: cord Албански: gajtan, kordë
Примери:
Микрофонот беше на долг гајтан.
Изрази
(нар. поез.) Гајтан веѓи - убави веѓи.
Изведенки
гајтанче ср.
мн. гајтанчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи