а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гасне

гаснат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави нешто да престане да гори или да свети.
Англиски: extinguish Албански: shuaj
Примери:
Ја гаснеше цигарата и ја гледаше.
2. Полева со вода жива вар.
Англиски: slake Албански: vadit
Примери:
Гаснеа вар за куќата.
3. Слабее, се губи некакво чувство (радост, среќа).
Англиски: faint Албански: lishtohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Додека ме слушаше, гаснеше радоста од неговото лице.
4. Слабее, се губи некаков звук.
Англиски: faint Албански: lishtohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чекорите на луѓето гаснеа како да тонеа в сон.
5. Прекине, прави да го нема, да исчезне.
Англиски: stop Албански: ndërprej
Примери:
Моторот гаснеше.
Со водата ја гаснеше жедта.
Гаснеше денот.
Животот му гаснеше.
Изведенки
гаснење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи