а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гардероба

мн. гардероби
Вид збор: Именка, женски род
1. Дел од мебел во којшто се чуваат алишта.
Англиски: wardrobe Албански: dollap
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Во спалната немаше место да се стави гардероба.
2. Целокупна облека на едно лице.
Англиски: clothes Албански: rroba
Примери:
Жената имаше навистина богата гардероба.
3. Простор со закачалки во некој објект (театар, кино) предвиден за оставање капути, мантили, палта и други лични работи на посетителите.
Англиски: checkroom Албански: garderobë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Пред гардеробата во театарот се направи голема мешаница.
4. Место за пробање во продавница за облека.
Англиски: checkroom Албански: garderobë
Примери:
Влезе во гардеробата за да го проба фустанот.
5. Место предвидено за привремено чување торби и други лични работи со клуч на железничка или автобуска станица.
Англиски: locker Албански: dollap me kyç
Примери:
Торбата му беше заклучена во гардеробата на железничката станица.
6. Просторија во театар во која уметниците се преоблекуваат и се подготвуваат за настап.
Англиски: dressing room Албански: garderobë
Употреба: Сцена
Примери:
По претставата, во гардеробата му пристигна писмо.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи