а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гали

галат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Милува, мазни, нежно допира со рака.
Англиски: caress Албански: përkëledh
Примери:
Ме галеше нежно со дланките.
2. разгалува, угодува, попушта
Англиски: spoil Албански: përkëledh
Примери:
Вие премногу ги галите вашите деца.
3. (се гали) Се умилкува, се милува.
Англиски: pet Албански: përkëledh
Примери:
Мачето цел ден се галеше со децата.
Изведенки
галење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи