а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

втоне

втонат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Исчезне во длабочините на вода, песок и сл.
Англиски: sink Албански: fundos
Примери:
Се држи за да не втоне во водите и да не им се даде на чудовиштата.
2. Пропадне во сон, заспие.
Англиски: sink Албански: fut
Употреба: Преносно значење
Примери:
Воопшто не знаев за себеси, втонав во бладачки сон.
3. Потоне во мисли, се задлабочи во нешто.
Англиски: sink Албански: hyn
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се обидов да втонам во страниците на новото издание.
Втона во своите мисли.
Изведенки
втонува несв.
втонуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи