а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

врши

вршат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави, исполнува некоја работа или некоја задача.
Англиски: do Албански: bëј, kryej
Примери:
Врши работа.
Врши услуга.
Врши консултации.
2. Ги одвојува зрната од класјето на житото.
Англиски: thresh Албански: shkund
Употреба: Земјоделство
Примери:
Мажите рано фатија да вршат со коњите.
3. Дава збор, договара брак, договара свршувачка.
Англиски: engage Албански: jep fjalën
Примери:
Јас сум дојдена стројник, да те вршам за него.
4. (се врши) Дава збор, договара брак.
Англиски: engage Албански: jep fjalën
Изведенки
вршење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи