а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вртелешка

мн. вртелешки
Вид збор: Именка, женски род
1. Кружна направа, конструкција што се врти, со седишта исти или разни по форма, наменети за забава.
Англиски: merry-go-round Албански: karusel
Примери:
Зад мостот има панаѓур, вртелешка, врева, трешти свирка.
2. Детска играчка што се врти на ветер.
Албански: karusel
Примери:
Децата мавтаат со знаменца и вртелешки.
Деца со вртелешки во рацете трчаа по улиците.
3. вртимушка
Англиски: peg-top
4. елемија, вртелка
Албански: elemi
5. непостојан човек
Англиски: turncoat Албански: rastësishëm
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Значи, вртелешка си, ти секогаш бегаш.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи