а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

врска

мн. врски
Вид збор: Именка, женски род
1. Повеќе предмети, обично еднородни, врзани заедно.
Англиски: bundle Албански: lidhje
Примери:
врска клучеви
врска млад лук
2. Сооднос, зависност меѓу предмети и појави.
Англиски: relation Албански: raport
Примери:
Врска меѓу теоријата и практиката.
Врска меѓу квалитетот и цената на производот.
3. Општење, контакт меѓу две или повеќе страни.
Англиски: connection Албански: lidhje
Примери:
врска со народот
трговски врски
врска со странство
4. Однос меѓу лица.
Англиски: relation Албански: marrëdhënie
Примери:
роднинска врска
пријателска врска
љубовна врска
5. Систем од технички средства и организација за комуникација.
Англиски: communication Албански: komunikim
Примери:
железничка врска
авионска врска
телефонска врска
сателитска врска
6. Лице што пренесува соопштенија, наредби, пораки и сл.
Англиски: connection Албански: lidhje
Примери:
Тој бил врска со штабот.
7. (обично во мн.) Познанство, пријателство што донесува полза.
Англиски: relationship Албански: marrëdhënie
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој секаде има врски.
Влегол на работа со врски.
8. кравата
Англиски: necktie Албански: kravatë
Употреба: Разговорно
Примери:
На секоја кошула носеше посебна врска.
Изрази
Без врска - несврзано, неповрзано.
(жарг.) Без врска - глупости.
Во врска со тоа - по повод на тоа.
Нема врска - не е важно.
(жарг.) Нема врска - глупости.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи