а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

врие

вријат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. За течност - клокоти, се меша под дејство на висока температура.
Англиски: boil Албански: vloj
Примери:
Донесете ги котлите со масло што врие.
Лонец вода врие.
2. Се вари во зовриена вода.
Англиски: cook Албански: ziej
Употреба: Гастрономија
Примери:
Пастрма вриеше во котел поставен на оган.
Врие гравот за ручек.
3. Преврива, трпи хемиска реакција.
Англиски: ferment Албански: ziej, fermentoj
Употреба: Хемија
Примери:
Комињето врие.
4. Има движење на множество луѓе без ред, вријавец од луѓе.
Англиски: crowd Албански: vlon, turmë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чаршијата врие од луѓе.
На Атпазар вриеше како во кошница.
5. Преполн е со нешто, има многу.
Англиски: crowd Албански: vlon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Косата му врие од вошки.
Нашите плевни вријат од змии.
6. Се наоѓа во еуфорична состојба, возбуден е, вознемирен е, со силни чувства.
Англиски: boil Албански: vlon, gufon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во жилите вриеше топлината на виното.
Во тие луѓе вријат и крвта и разумот.
Момчето вриеше од лутина.
Вријат од бес.
Изведенки
вриење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи