а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вреди

вредат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Има утврдена цена, чини.
Англиски: worth Албански: vlej
Примери:
Еден прстен пари вреди.
2. Има вредност, важност.
Англиски: value Албански: vlej
Примери:
Вашата личност зар не вреди ништо?
Оваа награда вреди.
3. Користи, треба за нешто.
Англиски: use Албански: vlej
Примери:
Вредело да се дојде.
Изрази
Добрата надеж вреди повеќе од лошиот ум.
Пет пари не вреди - не вреди за ништо.
Злато вреди - има голема вредност, корисен е.
Не вреди да се заколе вол за кило месо - не треба да се направи голема штета за мала корист.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи