а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вреден

вредни
Вид збор: Придавка
1. Што работи со љубов и пожртвуваност.
Англиски: diligent Албански: i vyeshëm, i zellshëm
Примери:
Му се погоди вредна снаа.
Вредно момче мешаше малтер.
вреден работник
вредни раце
2. Што е способен, кадарен, надарен.
Англиски: capable Албански: i aftë
Примери:
Колку што бевме вредни, помагавме.
Проштевајте ако не сме вредни да ве пречекаме.
3. Што има вредност.
Англиски: valuable Албански: i çmuar
Примери:
Тоа се стари пари, многу вредни.
Купил вредна уметничка слика.
4. Што е достоен за нешто, заслужува нешто.
Англиски: deserving Албански: i vlefshëm
Примери:
Тој е вреден за награда.
Да дадеме неколку констатации, вредни за одбележување.
Изрази
(разг.) Еден ама вреден.
Изведенки
вредно прил.
Пример: Вредно учи. Вредно работи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи