а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

враг

мн. врагови
Вид збор: Именка, машки род
1. Според верските претстави, натприродно суштество што е олицетворение на злото.
Англиски: devil Албански: djall
Употреба: Религија
2. непријател, противник
Англиски: enemy Албански: armik
Примери:
На повидок е врагот, постројте ја војската.
Цел еден век како врази се меркавме.
3. Итар, духовит човек.
Англиски: devil Албански: djall
Употреба: Преносно значење
Примери:
Враг беше стариот, а и часовите умееше да ги направи многу интересни.
Често се случуваше некој од тие врази да измисли некоја игра.
Изрази
Да (го) носи врагот - нека оди по ѓаволите.
Враг(от) да (го) земе - се вели кога ќе се западне во неволја.
Изведенки
1. враже ср.
мн. вражиња
дем.
2. вражуле ср.
мн. вражулиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи