а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

впрочем

Вид збор: Модален збор
1. За надоврзување нова мисла, дополнително изнесување некоја околност за кажаното.
Англиски: beside
Примери:
Тоа се само твои претпоставки, впрочем, неточни.
Тој го заврши правото со докторски испит, впрочем не особено сјајно положен.
2. За воведување свој став.
Англиски: beside
Примери:
Впрочем, тој се држи доста спокојно за местото во кое се наоѓа.
Впрочем, нема ни сили ниту пак желба да се спротивставува, сеедно и е.
Впрочем, ние не мора да се согласуваме со тоа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи