а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вплетка

вплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Заплетка нешто.
Англиски: entangle Албански: ngatrroj
Примери:
Еден сколовранец беше си ја вплеткал ногата во мрежата на една лоза.
2. Замеша во нешто.
Англиски: involve Албански: involvoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите ги вплетка во своите махинации.
Острите забелешки го вплеткаа и директорот во дискусијата.
3. (се вплетка) Се заплетка во нешто.
Англиски: entangle Албански: ngatrrohem
Примери:
Бубачката се вплетка во густата пајажина.
4. (се вплетка) Се замеша во нешто.
Англиски: involve Албански: involvohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Милиционерот се вплеткуваше во расправијата меѓу приведените во станицата.
Изведенки
1. вплеткува несв.
(се) вплеткуваат
2. вплеткување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи