а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

впечаток

мн. впечатоци
Вид збор: Именка, машки род
1. Чувство, слика, трага во свеста на човекот од нешто доживеано или осознаено.
Англиски: impression Албански: përshtypje, mbresë
Примери:
Добие впечаток.
Направи впечаток.
Силен впечаток.
2. Влијание, дејство врз чувствата или однесувањето на некого.
Англиски: impression Албански: përshtypje
Примери:
Беше под силен впечаток на случајот.
Сите беа под впечаток на неуспешната приредба.
3. Мисла, проценка за некого или нешто.
Англиски: assessment Албански: përshtypje, mendim
Примери:
Тој пишува за комплетниот впечаток од драмата.
На масата немаше книга за впечатоци.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи