а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

впери

вперат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Управи, устреми, насочи нешто кон друго нешто или кон некого.
Англиски: aim Албански: drejtoj, shënoj
Примери:
Го впери прстот во момчето.
Ги впериле погледите кон вратата.
Ги вперија цевките на пушките кон него.
2. Се впери, се управи, се устреми, се насочи кон некого или нешто.
Англиски: point Албански: drejtoj
Примери:
Ракетата се впери кон целта.
Сите очи се вперија во мене.
Изведенки
1. вперува несв.
(се) вперуваат
2. вперување ср.
мн. вперувања
глаг. им.
Пример: Се исплаши од честите вперувања на нивните погледи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи