а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

во

Вид збор: Предлог
1. Просторно значење - означува дека нешто се наоѓа внатре, во некоја средина или се случува внатре, во рамките, во границите на нешто.
Англиски: in Албански:
Примери:
Рацете ги држеше во џебовите.
Децата трчаа во трлото.
Пишуваше во тетратката.
Седи во фотелјата и пие чај.
Ловеа риби во реката.
Живее во Долна Долина.
2. Просторно значење - упатеност, насоченост, правец.
Примери:
Лете доаѓа во родното место.
Искачија во коријата кај црквичето.
Мајсторот влезе во магацинот.
Тргна во лов.
3. временско значење
Англиски: in
Примери:
во ноќна доба
во мај
Селаните одмораа во квечерините.
Во сабота навечер беше свадбата.
Мечтаеше длабоко во ноќта.
Во младоста беше немирен дух.
4. начинско значење
Англиски: in
Примери:
Зборуваа во четири очи.
Трчаа во групи.
Жените свикаа во еден глас.
Војникот застана во став „мирно“.
Групата се подели во двојки.
5. Посочување на особено карактеристичен дел од телото.
Англиски: in
Примери:
Дебел е во вратот.
груб во лицето
црвен во ушите
Тој беше ситен човек, но силен во рацете.
6. Премин од една состојба во друга; претворање.
Примери:
Селото прерасна во гратче.
Сиот се претвори во уво.
7. определба
Примери:
Нив ги вбројувам во моите најлути непријатели.
Нашиот спортист спаѓа во десетте најдобри во Европа.
8. Состојба и употреба.
Примери:
шеќер во прав
Долго беше во недоумица што да прави.
Тој е во години.
лек во (вид на) капсули
рибино масло во зрнца
9. Количество единици со кое нешто се мери или се избројува.
Примери:
комедија во три чина
научен собир во четири сесии
10. Облека, наметка, обвивка со што некој е облечен или нешто е завиткано.
Примери:
Се облече во новиот фустан.
Главата речиси целата му беше напикана во рунтава шубара.
Купи бонбончиња во шарена обвивка.
Подарокот го завитка во украсна хартија.
11. Пред именките кога не се членувани, ако не почнуваат со в, ф и ако не се истакнува нешто со именката.
Примери:
Таа имаше момче в град.
Ја држеше в раце.
Му кажа в лице.
12. Во уметничката и во народната поезија и кога именката е членувана.
Примери:
Се вслуша в тишината.
Високо в небото кликна орел.
13. Со називите на деновите во неделата - в петок - идниот петок.
Примери:
В понеделник ќе одам.
В среда ќе се одржи состанокот.
В петок полагам испит.
14. Кога именката е членувана.
Примери:
Секогаш беше светнат во чевлите.
Во лицето се гледаше целиот негов живот.
Во шкафот под клуч го чуваше слаткото.
15. Кога именките не се членувани - кога почнуваат со в, ф.
Примери:
Во вода влегува кога нема никој на плажата.
Одејќи замислена шлапна во вир.
Лебот го печеа во фурни што им беа во дворовите.
16. Кога именките не се членувани - кога се истакнува она што го означува именката.
Примери:
Во куќа сум живеела, а во зграда не.
Во лице му кажа што мисли, а не зад грб.
Во море сум се капела, но во река - не.
17. Со називите на деновите од неделата - во вторник - секој вторник.
Примери:
Во сабота планинарам.
Во недела ни доаѓаше на гости.
18. Со називите на деновите од неделата - во вторникот - минатиот вторник.
Примери:
Во четвртокот се вратив.
Во петокот била свршувачката.
Во средата го положив последниот испит.
19. пред заменките
Примери:
Имам верба во тебе.
Се вљуби во неа веднаш.
Восхитено гледаше во него.
20. Ако именката има определба претставена преку придавка, број, прилог.
Примери:
во широките дворови
во две села
во повеќе случаи
Во сечија полза ќе биде ако така направиме.
Изрази
Се најде во небрано - непријатна ситуација.
Главата в торба - ризикува за некого или за нешто.
Во глувчова дупка - во тајно, скришно место.
Му влезе во играта - му ги откри намерите.
Изведенки
в предл.
Пример: Тој се бркна в џеб и во раката веднаш му светна ноже.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи