а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

војна

мн. војни
Вид збор: Именка, женски род
1. Вооружена борба меѓу две или повеќе држави, народи или помеѓу општествени групи во една држава.
Англиски: war Албански: luftë
Примери:
Граѓанска војна.
Герилска војна.
Ја преживеаја војната.
Тука се воделе војни.
2. Остар конфликт, жестока меѓусебна борба со сите средства (освен со оружје).
Англиски: war Албански: luftë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Власта и објави војна на корупцијата.
Изрази
Војна на нерви - состојба на психичка напрегнатост и провоцирање со цел да се скрши моралната сила на противникот.
Студена војна - состојба на меѓудржавна затегнатост од големи размери и борба со сите средства, освен со оружје.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи