а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вооружен

вооружени
Вид збор: Придавка
1. Што има, што е снабден со оружје.
Англиски: armed
Употреба: Воен термин
Примери:
вооружена придружба
вооружени војници
2. Што се врши со оружје.
Англиски: armed
Примери:
вооружена борба
вооружено востание
вооружена кражба
3. Што има, што располага со нешто.
Англиски: equipped
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пристапи кон расчистување на определени поими вооружен со авторитетот на евангелското слово.
Изрази
Вооружена сила - војска.
Вооружен до заби - снабден со многу оружје.
Изведенки
вооруженост ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи