а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

воодушеви

воодушеват
Вид збор: Глагол, свршен
1. Предизвика силна возбуда, занес, восхит.
Англиски: inspire Албански: frymëzoj
Примери:
Младиот пијанист со својата изведба ја воодушеви публиката.
2. (се воодушеви) Се занесе, се восхити од нешто.
Англиски: marvel Албански: mahnitem
Примери:
Сите се воодушевивме од нејзината убавина.
Изведенки
1. воодушевува несв.
(се) воодушевуваат
2. воодушевување ср.
мн. воодушевувања
глаг. им.
Пример: Концертот предизвика јавни пофалби и воодушевувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи