а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вози

возат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Управува некое превозно средство.
Англиски: drive Албански: ngas, drejtoj
Примери:
Јас го возев големиот камион.
Вози чун по езерото.
Возете внимателно!
2. Носи, пренесува некого или нешто со превозно средство.
Англиски: transport Албански: vozis, transportoj
Примери:
Со автобусот возам патници и стока преку граница.
3. Оди, се движи, сообраќа (за возило).
Англиски: drive Албански: ngas, vozis
Примери:
Автомобилите возеа со голема брзина.
Новата кола вози многу убаво.
4. Лаже некого.
Англиски: cheat Албански: vozis, mashtroj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Почнав да се правдам, да го возам.
Веруваа во неговите зборови, иако ги возеше.
5. (се вози) Се движи, оди, патува со или во/на превозно средство.
Англиски: take Албански: udhëtoj, vozitem
Примери:
Се возевме на брод.
Се возел во автобус.
Се возел со велосипед.
Изведенки
возење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи