а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

воздух

(едн.) воздухот
Вид збор: Именка, машки род
1. Невидлива смеса од гасови, главно азот и кислород, што ја сочинува Земјината атмосфера и што ја вдишуваат живите организми.
Англиски: air Српски: ваздух Албански: ajër Бугарски: вьздух Грчки: αέρας
Примери:
Длабоко го вдишуваше шумскиот воздух.
Надвор ја заплисна свежиот утрински воздух.
2. Отворен, слободен простор, природа.
Англиски: space
Примери:
Поседи на воздухот и ќе ти помине.
Тебе ти треба воздух и сонце.
Појде на воздух.
Изрази
Виси во воздух - не е сигурен во нешто.
Ѕида кули во воздух - се занесува, се залажува, фантазира.
Нема воздух - се задушува.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи