а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

возвиши

возвишат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Крене, дигне нешто нагоре.
Англиски: raise Албански: ngrit
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Ја возвиши кротката душа над грешното тело.
2. Високо оцени, даде големо значење на нешто, издигне на висок степен.
Англиски: glorify Албански: lartësoj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Ги зголеми и ги возвиши неговите подвизи.
Сака да ја возвиши својата личност.
Тој ја возвиши и ја зацврсти словенската писменост.
3. (се возвиши) Се извиши, стои над нешто или некого.
Англиски: raise Албански: rritet
Употреба: Книжевен збор
Примери:
На сите им беше јасно колку тој се изделил и се возвишил.
4. (се возвиши) Се здобие со повисоки морални вредности.
Англиски: raise Албански: ngritem
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Неговата љубов се возвиши до највисоки мечти и соништа.
Изведенки
1. возвишува несв.
(се) возвишуваат
2. возвишување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи