а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

воден

водени
Вид збор: Придавка
1. Што е придружуван, насочуван од некого во движењето.
Англиски: led Албански: i drejtuar
Примери:
Се шетаа подгрбавени старици, водени од внучињата.
Поминаа изврзани мажи водени од по тројца сејмени.
2. Што е предводен од некого.
Англиски: led Албански: i udhëhequr
Примери:
Воден од револуционерите, нашиот народ се бореше за слобода.
Ќе умреме за татковината водени од твојата рака.
3. Што е раководен, поттикнат од нешто.
Англиски: led Албански: i udhëhequr, i nxitur
Примери:
Не ги напишал тие зборови воден од очекуваната скромност.
4. Што е определен од нешто.
Англиски: led Албански: i përcaktuar
Примери:
Ги слушаше неговите вешто водени уверувања.
5. Што е мокар, влажен, накиснат.
Англиски: wet Албански: i lagur
Примери:
воден жиг
водени камења
водена кошула
водена земја
6. Што се однесува на вода.
Англиски: water Албански: i ujit
Примери:
воден спорт
водни граници
водна стихија
воден сообраќај
водна заедница
7. Што живее во вода или околу вода.
Англиски: water Албански: i ujit
Примери:
водна змија
водни животни
воден дух
воден цвет
FlexiMac
 менување на македонски глаголи