а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вода

мн. води
Вид збор: Именка, женски род
1. Проѕирна безбојна течност без мирис и вкус која во чиста состојба претставува хемиско соединение на водород и кислород.
Латински: aqua Англиски: water Српски: вода Албански: ujë Бугарски: вода Грчки: νερό
Примери:
Се напи вода од стомнето.
Се измија во студена изворска вода.
Слатка вода - природна вода што не е солена.
2. Раствор, течност слична на вода.
Англиски: solution Албански: solucion
Примери:
Колонска вода.
Минерална вода.
Сулфурна вода.
Лековита вода.
3. Место од каде што излегува, тече вода.
Англиски: source Албански: burim
Примери:
Се враќав од вода.
Ја зеде стомната да оди на вода.
Облекла нов фустан за на вода.
4. Воден тек или поголема водна површина.
Англиски: water Албански: ujë
Употреба: Географија
Примери:
Се брануваат сините езерски води.
Жуборат бистрите води на планинските потоци.
Никаква вода не тече низ нашиот град.
5. Водно пространство, дел од море, океан, голема река или езеро што ѝ припаѓа на определена држава.
Англиски: territory
Употреба: Географија
Примери:
Рибарските бротчиња често ги нарушуваат грчките територијални води.
6. Сок што се добива со цедење или при варење овошје, зеленчук и сл.
Англиски: juice Албански: lëng
Употреба: Гастрономија
Примери:
Оризовата вода е многу хранлива.
Кисела вода истекуваше од грозјето.
7. Количество вода во кое нешто се вари, се пере и сл.
Англиски: water quantity Албански: sasia e ujit
Примери:
Слатко од смокви се вари во повеќе води.
Првата вода од гравот се фрла.
8. Воденикава течност што ја лачи организмот.
Англиски: secretion Албански: tajitje
Употреба: Медицина
9. Нешто ново, друго, животна ситуација, професија и сл.
Англиски: phase Албански: periudhë
Примери:
Заплови во брачните води по вторпат.
Дали може да се пее без да се навлезе во комерцијалните води?
Изрази
Жива вода станав - се испотив сиот.
Ми ја мати водата - создава непријатности, прави сплетки.
Лук и вода - нешто безначјно, безвредно, ништо.
Го гледа како капка вода - чува некого или нешто како нешто највредно, најскапоцено.
Ја врти водата на својата воденица - прави, овозможува работите да се одвиваат во своја корист.
Крвта вода не станува - не може да се заборави, да се биде рамнодушен кон некој близок роднина.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи