а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вовре

воврат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави, вотне, пикне нешто некаде.
Англиски: stick Албански: fut
Примери:
Не можеше да ја вовре петлицата во иликата.
Ги вовреа главите в снег.
Го воврел вратот во гуњата.
2. (се вовре) Се пикне, се вотне некаде.
Англиски: slip Албански: futet
Примери:
Забележа како се вовреа низ честарот.
Некој црв се воврел во гнилите штици.
3. (се вовре) навлезе, продре
Англиски: slip Албански: depërtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во душата и се вовре пријатно чувство.
Во гората тихо се вовре мрак.
Изведенки
1. воврува несв.
(се) вовруваат
2. воврување ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи