а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вовлече

вовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Внесе, втера некого некаде со влечење.
Англиски: drag Албански: tërheq
Примери:
Жената ме вовлече во куќата.
Лисицата ја вовлече кокошката во своето дувло.
2. Стави, вовре нешто некаде.
Англиски: stick Албански:
Примери:
Го вовлекол прстот под коланот.
Ја вовлече пушката во една кола.
3. Повлече, собере нешто навнатре.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Ја вовлече главата во јакната од шинелата.
Вовлечете го стомакот колку што можете.
4. Вдише воздух, чад.
Англиски: inhale Албански: thith
Примери:
Вовлече еден долг дим.
Започна да вовлечува воздух.
5. Вклучи, вмеша некого во нешто.
Англиски: involve Албански: përfshij
Примери:
Во друштвото го вовлекоа двајца негови пријатели.
Го вовлече во разговорот.
Ќе го вовлечам во некој грабеж.
6. (се вовлече) Се вовре, се пикне, се смести некаде.
Англиски: nest Албански: depërtoj
Примери:
Незабележано се вовлековме во спалната.
Се вовлеков под покривките.
7. (се вовлече) Се облече, се навре, се собере во нешто.
Англиски: dress Албански: vesh
Примери:
Се вовлече во сивото палто.
Се напнуваше да се вовлече во кренатата јака.
8. (се вовлече) навлезе, продре
Англиски: draw Албански: depërtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чадот од цигарите се вовлечуваше насекаде.
Се вовлече во себе - стане недоверлив, се оддели од луѓето.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи