а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

влева

влеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Сипува, тура течност во нешто.
Англиски: pour Албански: derdh
2. Внесува, исполнува со некакво чувство, прави некој да биде обземен со некое чувство, мисла.
Англиски: fill Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Полицијата влеваше страв кај луѓето.
Со своето однесување тој влева почит.
3. (се влева) Течејќи навлезе во друга протечна или непротечна вода.
Англиски: flow into Албански: derdh
Употреба: Географија
Примери:
Тука Дрим се влева во езерото.
Отпадните води од неколку фабрики се влеваат во Брегалница и ја загадуваат.
Изведенки
влевање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи