а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

владее

владеат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Држи под своја власт.
Англиски: govern Албански: sundon
Примери:
Неколку века овде владееле туѓинци.
2. Управува некого или нешто.
Англиски: rule Албански: sundoj, qeveris
Примери:
Ја владее државата.
Сака да го владее сиот имот.
3. Ракува со алат, се служи со средство, знае.
Англиски: handle Албански: zotëroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Секој добар мајстор владее сигурно со својот алат.
4. Има вештина, занает.
Англиски: control Албански: zotëroj
Примери:
Момата го владееше мајсторството на ситниот вез.
5. Зборува јазик, знае (правопис, речник).
Англиски: speak Албански: zotëroj, flas
Примери:
Секој наш студент владее барем еден странски јазик.
6. Царува, е доминантен.
Англиски: reign Албански: mbretëron, sundon
Примери:
Владее празнична атмосфера.
Над полето владее мир.
7. Се шири, е раширен, присутен, царува.
Англиски: spread Албански: mbretëron
Примери:
Чуден немир владее со мене.
Владее хаос.
Владее заразна болест.
8. (се владее) се држи, се однесува
Англиски: behave Албански: udhëhiqem
Примери:
Тој се владее спрема правилата на групата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи