а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вкус

мн. вкусови
Вид збор: Именка, машки род
1. Еден од петте надворешни осети што се прима преку јазикот и внатрешноста на устата.
Англиски: taste Албански: shije
Употреба: Медицина
Примери:
Сладок вкус.
Горчлив вкус.
2. Осетот што го произведува храната во устата (благ, кисел, горчлив, лут).
Англиски: taste Албански: shije
Употреба: Гастрономија
3. Чувство, мерило и смисла за убаво, склоност кон убавото.
Англиски: taste Албански: shije
Употреба: Преносно значење
Примери:
Има истанчен вкус.
Се облекува со вкус.
Без вкус.
Блага иронија за вкусовите на комисијата низ агол на судбината на големите светски писатели.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи