а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

височина

мн. височини
Вид збор: Именка, женски род
1. Висина воопшто, висина како вертикална димензија.
Англиски: height Албански: lartësi
Примери:
Падна од неколку метри височина.
2. Вертикално растојание од земјата или од некоја друга хоризонтална површина.
Англиски: level Албански: nivel
Примери:
Дојранското Езеро се наоѓа на 148 метри надморска височина.
3. Просторот далеку од земјината површина.
Англиски: sky Албански: lartësi, qiell
Примери:
Гулабот се вивна во височините.
4. Не многу високо, издигнато место.
Англиски: hill Албански: lartësi, maje
Употреба: Географија
Примери:
Извидниците се собраа на една височина, кај едно трло.
Изведенки
1. височинка ж.
височинки
дем.
Пример: Тој стоеше на една височинка.
2. височински прид.
височинскиот
висински
FlexiMac
 менување на македонски глаголи