а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

викне

викнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Гласно се обрати на некого, најчесто по име или со наредба.
Англиски: shout Албански: qortoj
Примери:
Тој ѝ викна да слезе.
Стражарот викна „Стој!“
2. Нададе вик, извика.
Англиски: scream Албански: bërtas
Примери:
Викна колку што го носеше гласот.
3. Повика, покани некого.
Англиски: call Албански: thirr
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој ме викна да му помогнам.
Тој викнал еден мајстор да ја поправи чешмата.
Кумот ме викна дома кај него.
4. почне, започне
Англиски: start Албански: filloj
Примери:
Викна да пее.
Викна да плаче.
5. Се зафати сериозно со некоја работа.
Англиски: start Албански: filloj
Употреба: Разговорно
Примери:
Кога му викна да сече дрво, за еден саат ја заврши работата.
Изведенки
1. викнува несв.
викнуваат
2. викнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи