а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вика

викаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Зборува, кажува гласно.
Англиски: shout Албански: bërtas
Примери:
Сите викаа: „Песна да чуеме!“
2. Надава вик, вреска.
Англиски: yell Албански: bërtas
Примери:
Надвор децата викаа.
3. Кара, прекорува, му упатува прекор (забелешки) на некого.
Англиски: blame Албански: i bërtas, e qortoj
Примери:
Учителот вика само по мене.
4. Повикува, кани некого.
Англиски: invite Албански: ftoj, thërras
Примери:
Нè викаат на гости в сабота кај соседите.
5. вели, кажува
Англиски: say Албански: them
Употреба: Дијалектен збор , Разговорно
Примери:
Соседот вика дека кај нив не дошол таков човек.
6. Именува, нарекува (со име, прекар, назив).
Англиски: call Албански: thërret
Примери:
Оваа река ние ја викаме Сува Река.
7. (само во 3 л.) нарекува
Албански: quhet
Примери:
Мене ме викаат Мирко.
8. (се вика) Се именува, името ми (ти, му...) е.
Англиски: name Албански: quhet
Примери:
Јас се викам Трајко, а мојата жена се вика Ката.
Оваа планина се вика Китка.
Изведенки
викање ср.

глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи