а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вие

вијат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави да биде криво.
Англиски: bend Албански: lakon
Примери:
Акробатот виеше железни прачки со голи раце.
2. Прави нешто со виткање, мотање.
Англиски: wrap Албански: pështjell
Примери:
Леблебиџијата од весници виеше фишеци.
Девојките виеја венци од здравец.
3. мота, намотува
Англиски: wind Албански: mbështjell
Примери:
Ковачот виеше жица околу тенок калем.
Ткајачката ја виеше преѓата на совалки.
4. Извива оро, танец, со играње, со водење на орото.
Англиски: swivel Албански: lakon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Момите танец виеја.
Како оди, рамна снага вие.
5. се извива, кривуличи
Англиски: bend Албански: lakohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Патот виеше по голите ридови.
6. Боли многу, за орган или дел од човечкото тело.
Англиски: hurt Албански: dredhim nga dhimbja
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме вијат нозете.
7. (се вие) Се витка, се превиткува, се свиткува.
Англиски: bend Албански: lakohet
Примери:
Од тежината на снегот гранките на брезите се виеја.
8. се извива, кривуличи
Англиски: wriggle Албански: dredhë
Примери:
Реката се виеше како змија меѓу врбаците.
На сред село орото се виеше.
Чад, прав, магла, пламен.
Над локомотивата се виеше густ чад.
9. кружи, се врти
Англиски: circle Албански: sillet rreth
Примери:
Јастребот над пиле некое се вие.
10. Се намотува, се витка околу нешто.
Англиски: wind Албански: mbështjell
Примери:
Над вратата се виеше бршлен.
11. За животно (волк, пес) - издава силен, продолжителен глас.
Англиски: howl Албански: uluron
Примери:
Кучињата виеја надвор.
Волци вијат некаде во планините.
12. Ветар, инструмент што произведува звук.
Англиски: howl Албански: ushton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Фабричките сирени виеја долго и страшно.
Зурлите пиштат и вијат.
Bетрот виеше цела ноќ.
Изведенки
виење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи