а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вивне

вивнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За оган - пламне, силно се разгори.
Англиски: flare up Албански: flakërim
Примери:
Огнот вивна наеднаш.
По бомбардирањето во градот вивнаа пожари.
2. За човек - се зацрви (од возбуда, од температура).
Англиски: blush Албански: skuqet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ушите му вивнаа.
Тој вивна и налутен се стрча кон човекот.
3. Извиши, крене високо.
Англиски: raise Албански: ngre
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас тогаш ја вивнав летачката над куќите.
4. (се вивне) Се запали силно.
Англиски: flare Албански: ndizet
Примери:
Пламенот се вивна в небо.
5. (се вивне) Се извиши, се крене високо.
Англиски: lift Албански: ngre
Примери:
Орелот се вивна в облаци.
Изведенки
1. вивнува несв.
вивнуваат
2. вивнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи