а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вжари

вжарат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Усвити, загрее, доведе до состојба на жар.
Англиски: heat up Албански: skuq
Примери:
Ковачот го вжари железото и почна да го кове.
2. Доведе до напната атмосфера, ситуација, состојба.
Англиски: heat up Албански: atmosferë e nxehtë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Атмосферата во салата се вжари.
3. (се вжари) Се усвити до состојба на жар.
Англиски: glow Албански: skuqet
Примери:
Од силно разгорениот оган печката се вжари.
4. (се вжари) Има изглед на жар, се зацрвени.
Англиски: glow Албански: prush
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лицето му се вжари.
Изведенки
1. вжарува несв.
вжаруваат
2. вжарување ср.
глаг. им
FlexiMac
 менување на македонски глаголи