а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

веќе

Вид збор: Прилог
1. Укажува на моментот на извршување на дејството - дека е извршено или дека е извршено пред очекувањето.
Англиски: already Албански: tashmë
Примери:
Веќе сум готов.
Веќе ја прочитав книгата.
Зар веќе се вратил?
2. Укажува на извршено дејство пред моментот на говорењето или упатува на претходниот контекст.
Англиски: already
Примери:
Веќе се имаме договорено за тоа.
Веќе видовме кои беа пречките за остварување на планот.
3. За потсилување - го истакнува траењето на дејството.
Англиски: already
Примери:
Веќе три години работи таму.
Неколку дена веќе го чекам.
4. Во разни контексти.
Примери:
Остави ја веќе таа работа.
Добро, веќе престани.
Веќе еднаш да осамне.
Требаше веќе да е тука.
Кај си веќе досега?
5. Укажува на промена на определена состојба.
Примери:
Веќе си втасал за училиште.
Веќе не ти личи да одиш на корзо.
Сега веќе добро вози.
Ова веќе не го разбирам.
Веќе немам пари.
Не е веќе меѓу живите.
6. Повеќе, понатаму од даден момент.
Англиски: any more
Примери:
Нема веќе да одам таму.
Нема веќе да плачам.
Не можев веќе да го трпам.
Веќе нема да се расправам со нив.
7. за омаловажување
Примери:
Веќе, како твојата работа нема друга.
Веќе, кој може како тебе?
FlexiMac
 менување на македонски глаголи